Posts Tagged ‘басисти

02
јун

Го доживеав ос’мот

Ос’м: да се врткаш во полуполн Југотон со пост-ит и да гледаш наоколу по луѓето.

Оправдано неос’м: 99,9% од луѓето што ги познаваш немаат гледано Dead Like Me доволно за да сфатат колку е ос’м горното.

Неоправдано неос’м: да не допреш никој додека си во Југотон со пост-ит. Иако е мала веројатноста некој од луѓето таму да гледал Dead Like Me, и должиш на статистиката да се обидеш. Може е само до мојата параноја од физички контакт, но треба да се запази и суптилноста при допирот, особено ако си басист и си решил да допреш жена, во спротивност може да дојде до шамар-ситуација (иако би можело да дојде до позитивни резултати кога оваа ситуација би се повторила три пати).

Бонус неос’м: две недели претходно да бараш патики, да дојдеш до Mason-style патики и да не ги купиш, непредвидувајќи ја горната ситуација.

10
фев

Bassdome 2

Правев муабет со сестра ми околу мојата идеја за басистички научнофантастичен филм, и ми текна идеалното продолжение. Сега, јасно ми е дека не е воопшто кул веднаш после пишување на пост да го напишеш и продолжението на постот, и дека треба да има неколку постови измеѓу, со цел редовните читатели и уште поредовните читателки да се почувствуваат наградено кога ќе се сетат на пост од пред месец дена, но Розов зајак е исклучиво некул појава. И плус, ќе го заборавам постов за месец дена.

Значи, продолжението е засновано на сосема друг басистички концепт и не мора да има некоја цврста врска со ликовите од претходниот филм. Тука се открива дека басистите се всушност вонземјани кои сакаат да го освојат светот. Додека концептот на претходниот филм беше слајтли забеган (иако басистите би рекле дека освен регистрацијата и куполите, остатокот е прилично точен приказ на басистичкиот живот… хмм… се прашувам колку филмски критичари се басисти…), овој е прилично реален. На прв поглед, сигурно мислите дека ми паднале праговите, но размислете малку. Басистите дошле на планетава пред икс години, прилично биолошки слични и компатибилни со луѓето, со таа разлика што имаат басисит во крвта.

Сега, морам да спомнам дека е крајно чудно што има само басисти но не и басистки. Но може така се распоредени работите на нивната планета, може мажите да се воениот дел од расата, а жените да ја контролираат економијата или така нешто. Можеби басистките реагираат позитивно на басисит, па кога ќе видат небасист реагираат на него исто како тукашните жени што реагираат на басисти. А можеби и реагираат исто како и небасистките, што би објаснило зошто ги испратиле сите мажи да освојуваат друга планета.

Како и да е, басистите наскоро ја сфаќаат предноста што ја имаат на биолошко ниво, и почнуваат да манипулираат со општеството со цел да ја зголемат неговата опседнатост со секс. На почетокот ова оди поприлично бавно, но како што се зголемува опседнатоста, станува се полесно и полесно, бидејќи басистите немаат секс, а во општество опседнато со секс тоа делува како недостаток, а недостатоците прават луѓето да те потценуваат, а што повеќе те потценуваат толку помалку те натценуваат… не. Кај бев? А, да. Што повеќе те потценуваат толку е полесно да манипулираш неприметно. А басистите можат да манипулираат неприметно додека небасистите не станат толку зафатени со секс што басистите ќе останат единствените луѓе на планетава што можат да завршат нешто.

Секако, за да се задржи атмосферата од претходниот филм, главните ликови во овој филм ќе бидат небасистите. Може тоа да биде одредена група младичи која сфаќа што всушност се случува и пола филм пробува да ги убеди светските власти. Нормално, кога ќе успеат да ги убедат никој нема да знае што ќе прави, а кога ќе се соберат податоците од целиот свет ќе испадне дека ситуацијата е многу полоша отколку што се мислело.

Додека владите кризираат, нашите главни ликови смислуваат план како да ја задржиме планетата. Затворени во лабораторија, низ монтажа бараат нешто што би можело да ги поништи ефектите од басиситот. Одеднаш, на еден од нив му текнува: тоа што го бараат (обично) го нема во лабораторија. Возбудено им го кажува планот на другите, кои се согласуваат дека треба веднаш да се свика состанок на светските водачи. Очајни, светските водачи се согласуваат да ги ислушаат младичите, кои им препорачуваат на басистите да им испратат еден куп жени да имаат секс со нив. Така ќе ја изгубат предноста, а, ако се развие и долгогодишна стратегија може да дојде и до контранапад и ова да прерасне во метод да се контролираат басистите.

Жените викаат да не се заебаваме и едноставно да ја разнесеме планетава со нуклеарки.

02
фев

Bassdome

Така џаболебарејќи како по обичај и игнорирајќи покани на Фејсбук, налетав на мошне необичната страница на Партијата на басисти на Република Македонија. Бидејќи имам видено група и страница за сешто, ова и не ми падна нешто толку чудно, се додека не отидов таму и не видов дека во групата има еден куп жени.

Како што знаеме од порано, ова е необично бидејќи жените не сакаат басисти. Секако, бидејќи за се во светов освен за постапките на сестра ми има некакво логично објаснување, тргнав да го побарам споменатото. Помислив да не случајно е оној Фејсбук момент на луѓе што прифаќаат било каква покана за било што па и овие така на рандом го кликнале копчето за станување обожавател. Помислив дека можеби сестра ми ги натерала да го направат тоа. Но, веднаш потоа ми текна вистинската причина.

Имено, и покрај моето интензивно истражување во темата на гитаристи и басисти, јас сум сепак старомоден дечко кога доаѓа до тие работи и не сум проверил дали жените знаат и преку Интернет да познаат дали одреден човек е басист. Претпоставувам дека не е толку лесно, барем не од првиот впечаток. А ако се групирани на едно место, тогаш само ќе можат да ги побараат таму. Со издавање на членски книшки уште повеќе би се олеснила работата.

Ова ме доведува до идеја за научно фантастичен филм. Добро, да бидам искрен, мене се ме доведува до идеја за научно фантастичен филм. Како и да е, идејата е дека во иднината, сите басисти ќе бидат законски обврзани да се регистрираат и да живеат во посебна купола каде што нема да се мешаат со остатокот од населението. Зошто баш во купола, прашувате? Бидејќи секогаш е кул да има купола во дистопичен научно фантастичен филм, а и зборот е малку смешничок.

Соу, басистите ќе живеат во куполата, повеќе со цел да се знае кои се отколку да бидат изолирани. Куполата редовно ќе ја посетуваат луѓе на кои им фали басист за во бенд. Ви текнува кога доаѓате во Охрид летно време и одма ви се ставаат луѓе што ви нудат сместување? Епа така нешто е ова, секогаш кога некој ќе дојде од надвор, возилото му го заобиколуваат десетина басисти со листови кој каков стил свири. Секако, знаеме дека не сите басисти свират, така што ќе се формираат и други дејности специфични за местото. На пример, ќе има басистичка ескорт служба, наменета за небасисти со проблеми со самодовербата. Небасистите ќе можат да му платат на одреден басист да ги дружи кога ќе излезат. Покрај басистот, другиов ќе се чувствува многу попривлечно за жените. Секако, ако испадне дека жените повеќе прават муабет со басистов него со другиов, законот наложува и двајцата да одат на тестирање.

Тестирањето не би се објаснило експлицитно во самиот филм, од причини кои подоцна ќе ви станат јасни, но за сега може јас да ви го објаснам. Се работи за обично тестирање на крвта за присуство на басисит. Басиситот е тоа што ги прави басистите непривлечни за жените. Тие што имаат многу басисит во крвта (или малку крв во басиситот) се басисти.

Да се вратиме на главната тема. На небасистите не би им се дозволило да живеат во куполата, бидејќи тоа би ја срушило целата поента на нејзиното постоење. За жени па да не зборувам. Никој не би бил толку суров да стави жени да живеат на такво место. Додуша, имав слајт недоумици околу семејствата. Што се случува ако басист случајно се ожени? Дали ќе оди да живее надвор од куполата или жената би дошла да живее внатре? Првото не ми изгледа многу веројатно – таквиот закон би бил полн со дупки и договорени бракови за луѓе што сакаат да излезат. Второто ми има многу повеќе смисла: ако жената не може да издржи да оди да живее со него таму, тогаш и онака не е бракот ништо посебно. Ако реши да остане, тогаш останатите басисти постојано ќе им се собираат на прозор за да ја гледаат жената, но на семејството нема да му биде страв дека ќе и направат нешто бидејќи се, нели, басисти. Компликацијата доаѓа ако имаат женско дете. Е, тоа не знам како би се решило, а може и да има простор за некој друг филм кој се бави баш со ова прашање.

И покрај тоа што на жените, со исклучок на условите опишани погоре, нема да им биде дозволено да живеат во куполата, сепак често ќе има жени на самиот периметар, од типот на очајни и/или одмазднички настроени према бившиот (а и екстремно пијани влегува во комбинација со овие две). Постарите и поискусни басисти (оние што се снаоѓале од пред тестирањата, регистрациите и релокациите) ќе знаат како да ги искористат овие појави.

Откако ја објаснив позадината на филмот, треба да објаснам нешто и околу неговата содржина. Како што е ред со ваквите филмови, главниот лик е релативно млад и бунтовнички настроен (ОК, ајл сеј ит: млад бунтовник) и не може едноставно да го прифати фактот дека тој, како басист, мора да го помине остатокот од животот одвоен од остатокот од општеството. И покрај предупредувањата на стариот и мудар зен-басист (лик каков што, морам да признаам, обично не е присутен во овој специфичен поджанр на научната фантастика) кој научил да живее добар басистички живот, нашиот главен лик тргнува во поход да ги прелаже властите и да покаже дека не треба да се дискриминираат басистите.

Откако ќе ја открие работата со басиситот во крвта, тој ќе најде парализиран гитарист кој ќе се согласи на трансфузија на крвта со младиот басист, теоријата биинг дека ако има небасистичка крв ќе помине како небасист. Добро, ова е приказната од Гатака, ама тоа беше добар филм. Секако, наместо на крај да [спојлери] но сепак да [спојлери], нашиот главен лик ќе открие дека не е се во крвта – басистичките жлезди лачат басисит во крвта, па не може со една обична трансфузија да се стане небасист. Како награда за ова откритие, тој ќе добие бесплатна вечера во форма на полициски пендреци.

Мислам дека Холивуд нема да ја прифати нешто многу мојава идеја за филм. Они сакаат хепиендови, што во случајов е малку контрадикторно, бидејќи не гледам како може да не е хепиенд за Холивуд ако басистот го пие на крај. Но од друга страна, тие секогаш настојуваат да ги наполнат басистичките глави со оние срања за внатрешна убавина и еднаквост што некако би било контрапродуктивно сега да издадат ваков филм.

Среќа што навистина постојат басисти, па нема да требаат многу пари за специјални ефекти.

06
сеп

Правило на три шамари

Горевметнатиот спот, инаку за песната Knights Of Cydonia на Muse, владее. Мислам дека не постои самопрогласен SF-гик кој не би сакал да гледа филм како тој на спотот. А и песната владее. Но тоа е далеку од поентата.

Поентата е тоа што се случува на 2:37 во спотот. Тоа е познато како правило на три шамари. Преточено во зборови, би можело да се изрази вака некако: типка на тип смее да му удри максимум два шамари пред да паднат перверзии.

Отворени прашања: колку време е потребно да се ресетира бројачот на шамари? Мислам дека нема фиксно време. Може да биде еден ден, но тоа зависи од капацитетот на шамароудирачката да ја заборави причината за дотогаш изброените шамари. Со други зборови, не се глупирајте: ако некоја ви мавне еден шамар, па шес месеци подоцна друг, тоа не е правило на три шамари, туку едноставно не ве сака, или кретен сте. Или и двете.

Обид за објаснување: мојата теорија е дека ако некоја се замара да ти мавне повеќе од два шамари место едноставно да си отиде, тогаш мора да е заинтересирана за нешто повеќе и само да се прави фраерка. Дури и ако ужива да мава шамари, по читањето на овој пост тоа би и паднало во очи. Што всушност значат тие шамари, а?

Примена: зависи од шамаропримателот. Јас, како басист, го применувам ова знаење на следниот начин: на жените им го кажувам ова правило, а тоа секогаш го има истиот ефект: го намалува максималниот број на шамари што можам да ги добијам во еден ден на два, а најчесто и остануваат на еден (бидејќи сум особено грд, страв им е да не случајно ја преминат границата).

23
авг

Гитаристи и басисти

Најди ги разликите

Верувам дека поголемиот дел од вас, барем тие што успеаа да го игнорираат зајакшопот, успеаа да ги најдат разликите во фотографијата. Редовните читатели и уште поредовните читателки можеби забележаа дека еднаш потрошив по некоја реченица на разбивање на митот прикажан погоре, иако тоа не беше главната тема на тој муабет.

Познато е дека секој мит е базиран на некаква вистина, колку и да е мала (иако во ова целосно ќе поверувам денот кога ќе наидам на мит базиран на мојот пенис). Ако е така, која е вистината што го создала овој мит?

Пред некое лето дојдов до една теорија на оваа тема: чикс диг гитарз, ама се е џабе ако имаш хидиозна фаца. Идејата е дека гитарата е само помошно средство, не магија. Ако си грд како пенис, џабе ти е и гитара и се. Иако не може да ти наштети.

Излезе дека ефектот бил случаен, а теоријата погрешна. Гитарата, всушност, нема врска. Па тогаш, ќе прашате, каде се крие вистината позади митот? Всушност, многу е едноставно. Жените сакаат гитаристи, без разлика на тоа дали се грди, глупави, злобни или фанови на Брајан Адамс.

Во оваа фаза веќе си викате “добро, овој не заебава, сега кажа дека гитарите немаат врска”. Тоа што вие, драги мои скептици и уште подраги скептички, мора да го сфатите во случајов е дека “гитарист” во случајов е само збор кој означува одреден концепт, а не човек кој (знае/умее/може да) свири на гитара. Е, зошто тогаш баш таквиот човек се вика гитарист? Па, едноставно, се покажало дека голем процент од таквите луѓе навистина имаат тенденции да ги бива или да имаат желба да свират на гитара.

Е сега, да се вратиме малку назад. Ако жените навистина сакаат гитаристи, тогаш зошто сепак не ти помага тоа што носиш гитара со себе? Нели би требало гитарата да ги асоцира на гитаристи и барем за момент да успееш да ги прелажеш?

Нормално дека не треба. Жените ги заболе фигуративниот пенис дали ти имаш гитара со себе и/или дали имаш врска со свирење. Едноставно тие си имаат сетило за тоа дали некој е гитарист или не, без разлика на тоа што можеби не се свесни за оваа теорија и можеби не знаат баш да го именуваат човекот како гитарист. Затоа, и да влечеш цела приколка со гитари, пак ќе ти биде џабе ако си басист.

Басистите (повторно зборуваме, чисто како концепт, не како човек што свири гитара) се чиста спротивност на гитаристите. Жените се програмирани да се држат понастрана од басисти па што сака нека биде.

WTD?

Нормално, во реалниот свет, ништо не е црно-бело. Ретко кој е 100% гитарист или 100% басист. Но, ефектот е речиси апсолутен: што и да направи гитаристот, пак ќе се најдат жени што ќе сечат вени по него, а што и да направи басистот никогаш нема жената да го сака толку колку што би можела да сака гитарист.

Вреди да се напомене дека ни опфатеноста кај жените не е стопроцентна. Исто како што не може да се каже “сите луѓе имаат две раце” бидејќи од време на време ќе се роди некое дете со една или со три, или ќе ја изгуби во некаква несреќа, така не може да се каже “сите жени сакаат гитаристи а не сакаат басисти”. Ова наметнува едно интересно прашање: ако басистите се нормални луѓе, тогаш зошто жените што сакаат басисти се аномалии? Дали природата ги смета басистите за генетски отпад (во стил: ти носиш непожелна комбинација на гени, ти ќе бидеш басист за да се минимизира шансата таа комбинација да се повтори)? Сепак, тоа не е темата на овој пост.

And we love M.P.

Жените што успеале да стигнат таму сигурно ме нарекуваат идиот бидејќи во целиов пост во основа пишувам за тоа како тие се програмирани и немаат сопствена волја за одредени работи. Но, пред да стигнат да ме испцујат во коментарите, ќе изнесам уште еден интересен податок: и мажите го имаат сетилото за гитаристи и басисти. И не мислам во стилот, да приметат дека жените орбитираат околу некој тип и здраворазумски да заклучат дека е гитарист, туку мислам баш онака, на прво гледање да знаат дека е гитарист, уште еден доказ дека еволуцијата била на есид кога настанале луѓето.




Известување

Вале е стара.

Зајакот вели

  1. Ако не ви одговорам на коментарот/пораката, тоа е само 20% пошто сум некултурно говедо. Останатите 80% се должат на безвременица. Општиот одговор во овие случаи е: "Фала на добриот коментар :)".
  2. Не знаете кој е Џон Стоктон?
  3. Ридизајнот е секогаш во тек, но вашите пораки и коментари ќе ми помогнат да го сменам (или нагласам уште повеќе) тоа што ви пречи.
  4. Spanking for all!
The Rabbit knows!

The Evil Grouse

SportyPal

Грозниот виџет на NetworkedBlogs