Можно е да се претварам во еден од оние несоничари што не можат да спијат ради кошмари. Знаете, еден од оние клише луѓе со несоница како во филмовите, наместо еден од оние крајно ос’м луѓе со несоница што не можат да спијат ради неразјаснети причини, па сите мислат дека ги заебаваат бидејќи не знаат да кажат зошто не можат да спијат.
Ноут дека тука побарав слика од Adrian Paul во The Owl за да ја илустрирам мојата поента и можеби да ставам некој шеговит цекаемовиден коментар на неа. Не најдов, но остана прашањето: колку сум лејм што го памтам тој филм?
Во основа, изгледа како неспиење ради кошмари да е за лузери. Како човек, имаш капацитет да се соочиш со кошмарот и да го претвориш во нешто подобро. Но, ако причината за кошмарот е покомплицирана за средување, тогаш си имаш проблем. A ако за проблемот си свесен и без да има кошмари, тогаш кошмарите ама баш ич не ти помагаат. Но, во секој случај, те тераат уште еднаш да размислиш, и можат да те доведат до екстремно бескорисни размислувања, во кои спаѓа и ова кое што сакам да го изнесам во овој пост.
Да, добро разбравте, овој пост нема врска со несоница (освен што го пишувам во 4 сабајле). До овој ред само пробував да се извадам зошто си го губам времето мислејќи вакви работи.
Имено, забележав дека секогаш човекот кој што сакам да бидам е полош од човекот кој што сум. Тука муабетов се разгранува на два дела:
- Ова само кај мене е или и кај другите?
- Да, знам што се прашувате: зошто некој толку крајно ос’м колку мене би настојувал да биде некој друг? Има разно-разни причини. Кога си млад, исто си и глуп, не си задоволен со тоа што го имаш. После кога ќе бидеш стар, може да се случи да сакаш да постигнеш некоја цел што едноставно не можеш да ја постигнеш, па мора некој друг да ја постигне. А кој друг ако не ти?
Како и да е, забележав и една друга работа: дека се помалку сакам да бидам човекот кој што сакам да бидам, а ако се земе во предвид што се напишав до сега, тоа знае да делува збунувачки. Ајде да поедноставиме за да видиме зошто всушност ништо не е едноставно во ваквата ситуација.
Да кажеме дека јас сум Трале, но сакам да бидам Петко. Според гореизнесеното, тоа значи дека Трале е подобар од Петко. Ова се сосема чиста ситуација. Но, што се случува ако почнам се повеќе да не сакам да бидам Петко, да не ми одговара баш да си останам Трале, а и потајно, со одредена доза резерва, да размислувам да станам Светлан?
Еден логичен излез од ова е дека Трале станал полош, можеби полош и од Петко, но подобар од Светлан.
Јас, искрено, не знам што му фали на Светлан. Но, колку луѓе што се викаат Светлан може да ми наброите?
P.S. Не се важи ако барате Светлан на Гуг’л и ми одговорите со пола Бугарија во коментар.



Breeej, Ova tvoevo se’ nekako naopaku! Sepak imam predlog koj ne mora da go prifatis’, neli?! Pokraj imeto Ti da si go smenis’ i polot, mislam da slezes’ malku otade Ekvatorot da vidis’ kako e. Moz’ebi c’e si dojde se’ na svoe mesto,a?
Во основа единствениот проблем со менување на полот би било што во тој случај би бил лезбејка, што значи дека покрај тоа што не ме сакаат жените и што сум гад, ќе мора дополнително да се соочувам со стигмата од нашето недоразвиено општество. Добро, да бидам искрен, на прв поглед, фактот што тек тогаш не би успеал да пипнам ништо женско значително би ми помогнал да ги решам отворените прашања својствени за некој како Петко. Но, само на прв поглед, бидејќи во реалноста, кога би го променил полот, би си го потрошил целото слободно време играјќи си со цицките.
Сепак, секогаш ги ценам предлозите. Сигурен сум дека Венко се гордее.
Па, едно време ја бев потпишан ко Светлан на мсн, ако се важи…
А, кај татко ми у телефон најдов некој запишан ко Светлан, така што, ете еден реален Светлан.
Moже Светлан не му било вистинско име.
Светлан е уникат!
Подобро отколку “Светлан е укинат”.
Досега сум налетала на само еден Светлан. Отсуството на,,а,, на крајот од зборот ми укажа некако на мажко-женски ставри тогаш, а подоцна ми дојде тоа како добар пример при едени разговори за половите и имињата на час по Антропологија на човекот. Испадна на крај дека изоставеното ,,а,, накрајот од името го потврдува она, во секој маж има жена и обратно. Како грубо vs нежно и ред други сопоставувања, вклучувајќи ги сега тука и натегањата на Петко и Трале…хаха
ај шашаш
Фина анализа, понатаму докажува дека Светлан беше одличен избор на име. Уште си се гордеам.
Другите имиња се потешки за феминизирање. Трале многу тешко, евентуално ако отидеш до Трајанка, ама тоа е веќе лонгшот. Од Петко можеш да направиш Петка, евентуално Параскева ако сакаш да се чепкаш со етимологиите. Да се надеваме само дека етимологиите не станале на лева нога денес (или кога и да решиш да се занимаваш со нив).
Ааааааа, Трале, сега сум сигурна дека не е проблемот во името туку до функцијата. Значи Петко му е шеф на Трале т.е. Тебе, а овој Светлан од скоро време го наименуваа за стечаен управник во фирмата. Проблемот дефинитивно ќе го решиме така што под најитно ќе го смениме Светлан и Тебе, Трале, ќе те поставиме на негово место. Што не кажа порано?!
Сепак, уште не сум убеден дека треба да скокнеме преку Петко.
Јас треба да балансирам помеѓу 1 и 3 за да бидам успешна 2 а со оглед на тоа што не се нафаќам да сум ниту 1 ниту 3 не сум ни 2 туку некој 4 кој веројатно е моја верзија на Светлан.
Тоа сите така треба да балансираат. Но што се случува кога некое надворешно влијание не може да биде надминато без помошта на 1 или 3, бидејќи споменатото влијание е имуно на сите финти на 2 или 4?
Тогаш само бираш меѓу 1 или 3(по потреба). Или, во мојот случај се трудиш да си сконцентриран на 1 или 3 бидејки тоа би го средило надворешното влијание но иако си свесен дека може лесно да се среди седиш на кауч и гледаш тв(4). Ама зедов магнетна алка денес! Значи ќе успеам!
Зависи што има на телевизија, во основа.