12
мар

Се викаше Синтија

Викаат дека првиот пат не се заборава. Па така и јас нема да го заборавам првиот пат кога добив приватна порака на blog.mk. Мислам дека помина доволно време од тогаш за да се дистанцирам малку емоционално, да погледнам објективно на сите случувања и, на крај, бесрамно да го постирам целиот муабет на блог.

Напомена: одредени измени се направени при репродуцирањето на овие пораки. Додадени се одредени линкови кои не беа присутни при оригиналната размена, и неколку имејл адреси се отстранети за да бидат заштитени невините.

Од: cynthia
Tема: hi

Здраво,
Моето име е Синтија ја видов тука на вашиот профил (blog.mk) денес и стана intrested во тебе, и исто така ќе сакате да знаете повеќе, и сакам да Ви испрати е-маил да ми е-мејл адреса, па можам да ти даде ми слика за да знам кому am.Here е мојот e-mail адреса (ynthiafred33@yahoo.co.uk) имам добра причина за виден кој ќе ти кажам кога ќе го видите вашиот mail на мојот мејл,
Верувам дека можеме да се помрднеме од тука! Сум чекајќи ги вашите пораки на мојата e-mail адреса above.cynthia. (Не заборавајте на далечина или боја не е важно, но сакам многу работи во животот)
[имејл адресата е отстранета за да не ја употреби некој тетреб]

;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;

Hello ,
My name is cynthia i saw your profile here(blog.mk) today and became intrested in you,i will also like to know you the more,and i want you to send an email to my email address so i can give you my picture for you to know whom i am.Here is my email address (ynthiafred33@yahoo.co.uk) i have good reason for contacting you which i will tell you when i see your mail to my email,
I believe we can move from here!I am waiting for your mail to my email address above.cynthia.(Remeber the distance or colour does not matter but love matters alot in life)
[имејл адресата е отстранета за да не ја употреби некој тетреб]

Oд: goldsmith

Cynth, ти си spambot ако има некогаш беше една, и благослови тепањето на вашите електронски machinations, сте направиле мојот ден. Чувајте го спем тече и ќе тепањето. Peace out.

;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;

Cynth, you’re a spambot if there ever was one, and, spanking bless your electronic machinations, you made my day. Keep the spam flowing and the spanking going. Peace out.

Од: cynthia

tahnks i will like you to contact me trugh my email address for me to tell you whom i am and give you my picture ok [имејл адресата е отстранета за да не ја употреби некој тетреб]

Oд: goldsmith

Now, you do realize that it would have to be some picture for me to seriously consider adding my e-mail address to your spamming list, right? Is that, like, a naked picture of you or something? A naughty picture? A picture of you getting it on with a Siberian Grouse (that’s Falcipennis falcipennis if you want to look it up) while its children are watching?

And, you know, it might turn out that you’re just not my type. Now, I’m not one to shy away from reasonable risks, but I could end up with a photograph of you that I’ll only look at once before deleting, while my inbox keeps getting Viagra ads until I’m well into my eighties. And, to be quite honest, I don’t plan on living that long, which makes the whole risk thing hardly reasonable.

I am glad to see that we’ve dropped Google Translate, though, as it’s a bit tedious to have to copy and paste and then copy and paste back each and every message (though it kind of doubled as a Bilingual Bonus for those of us that speak both languages).

Did I just use the term ”Bilingual Bonus”? TV Tropes has officially ruined my life.

Инаку блогот на Синтија е полн со суптилно скриена мудрост, па затоа и ќе го линкнам тука, а бидејќи една слика вреди колку илјада линкови, ќе го постирам релевантниот дел како скриншот:

Taка е, басист си и нема никогаш да најдеш љубовСеуште се надевам дека повторно ќе зборувам со неа. Станувам навечер и си проверувам пораки за да видам дали стигнало нешто ново. Ко вчера да беше.

Чекај, уствари вчера и беше.

09
мар

Отклучени старите блогови

За тие старци како мене што ги почнаа овие блогови на страниците на blog.com.mk: вашите блогови се отклучени. Администраторскиот дел е жив и здрав и може да се постира, иако не може да се оставаат нови коментари.

Исто така, тргнат е делот што ги известува посетителите на стариот блог дека споменатиот е преместен тука, така што, ако има уште шанси дека некој ќе го види тој блог, не би било лошо да си постнете по едно известување за преместеност.

Благодарам на вниманието, а може и некој спенкинг да фрлите наваму.

07
мар

Би анојинг (партнерз ин крајм едиш’н)

Мали сте, не памтите, ама еднаш одамна решив да ја споделам својата мудрост со светот и да ви дадам неколку оригинални совети за тоа како да ги иритирате луѓето. Бидејќи помина доволно време за да згасне секаква надеж дека ќе има продолжение, се решив да седнам и да напишам продолжение. Овој пат ќе ви кажам како да ги иритирате луѓето ако имате помош во форма на некоја сродна мизантропска душа.

Знам, стоите пред мониторите со широко отворена уста. Зарем Goldsmith, ужасно грдиот автор на оној ужасен блог, Розов зајак, да покажува тенденции на социјализација, дури и ако целта на таа социјализација е антисоцијално однесување? Но, откако ќе си ги соберете вилиците од подовите, несомнено ќе се согласите со мојата идеја дека има некаква слатка иронија во моментот кога ќе се здружат мизантропите, со тенденција таквото друштво да расте се додека не стане исто како и другите друштва, а остатокот од луѓето ќе ги мразат бидејќи се мизантропи, а бидејќи тие ќе бидат малцинството, всушност тие самите ќе станат мизантропи. Кајнда ја расипа иронијата тоа што ја објаснив, а?

Како и да е, ако веќе мора да се дружите со некого, еве неколку совети за како да се спречи понатамошното растење на тоа друштво:

  • Завршувајте ги сите реченици во меѓусебниот јавен разговор со едно исто зборче кое одговарало само во контекст на првата реченица. Не знам зошто, но оваа финта има поголем ефект кога се прави во сред разговор реченица. Ако еден ја прави, губи од смислата, но не на добар начин реченица. Исто така, одговара тоа зборче да е навистина кратко реченица.
    • Хинт за осамените: ако навистина сакате да ја искористите оваа финта без помош од соговорникот, многу иритира доколку го оставите неупатениот соговорник да го започне разговорот, па вие почнете да го додавате последното зборче од секоја негова реченица на крајот на секоја ваша реченица.
    [15:19] Goldsmith: Spank fest
    [15:25] Daftie: Otidov-na-lekar fest
    [15:25] Goldsmith: So srekja fest
    [16:07] Daftie: Da-ti-onadam-srekjata fest
  • Пред да одговорите било какво прашање поставено од надворешен извор, колку и да е банално, инсистирајте дека мора да се консултирате со партнерот. Помага доколку партнерот се наоѓа на спротивниот крај на просторијата. Додека поставувачот на прашањето гледа, поставете го прашањето на партнерот. И двајцата инсистирајте пред поставувачот дека темата на прашањето не треба да се сфати лесно. Едниот од вас нека каже “ајде да ги разгледаме филозофските импликации на ова прашање”, по што и двајцата треба замислено да гледате во далечината минимум десет секунди, по што другиот ќе праша “дали ги разгледа филозофските импликации на прашањето?”, а тој ќе одговори негативно, бидејќи времето го потрошил мислејќи на нешто сосема друго (кое ќе биде специфицирано, секако) од рангот на: цицки, каде му исчезнуваат лажичките за чај, симетрични bus-базирани мултипроцесорски системи, Symptom или сл.
  • Пријдете му на надворешен соговорник и почнете во исто време да му зборите на сосема различни теми (на пример, едниот за цицки а другиот за лажички за чај). Ако забележите дека соговорникот почнува да се снаоѓа, разменете ги темите (едниот за лажички за чај, другиот за цицки) и продолжете како ништо да не се случило.
  • Приоѓајте им на луѓе што не се знаат со партнерот и тивко прашувајте ги: “Дали го гледате?”, додека дискретно покажувате кон партнерот, при што, ако одговорот е потврден инсистирајте дека “тоа не е добро, не, не, не е воопшто добро”. Доколку прашаат зошто, кажете дека партнерот е “мртов веќе 12 години”. Во оваа фаза партнерот треба да си стои опуштено и да ја има најневината фаца на сите времиња. Може и насмеано да му мафне на соговорникот.
    • Варијација на тема: и двајцата му приоѓате на човекот што не го знае партнерот. Ти започнуваш разговор, партнерот се вклучува на сред муабет. Кога соговорникот ќе изреагира или одговори на тоа што го кажал партнерот, ти шокирано извикуваш: “И ти го слушаш?!?” и изненадено гледаш во двајцата, со мала трошка олеснување што веќе не треба да се преправаш дека не го приметуваш партнерот.
      • Варијација на варијација на тема: доколку на оваа варијација се присутни повеќе надворешни соговорници, после изненадувањето можеш и ентузијастично да го гушнеш парнерот и со солзи таносници во очите да изјавиш: “Се врати! Конечно се врати!”
  • Во заеднички разговор со надворешни соговорници, постојано спомнувајте нудл инциденти што звучат ос’м, без разлика на тоа дали се случиле или не. Дополнителни бонус поени добивате ако споменатите случки всушност се имаат случено во некој фиктивен медиум за кој соговорникот нема поима, па затоа и нема да ги примети (на пример: the battle of Canary Wharf, the Ciretako Incident, the Khitomer Conference*, the robot zombie apocalypse).

Toлку имам за сега, но знам дека може да смислите уште. Римемб’р: заедно сте посилни. Отидов сега да потповратам.

* Не знам дали да се гордеам или да се обратно од гордеам со тоа што екш’ли знаев како се пишува Khitomer без да проверувам.

20
фев

Крв?

Отсекогаш сум сакал да одговaрам со “лимфа” кога некој ќе ме праша “крв?”, но навистина се ретки ситуациите во кои човек те прашува такво нешто. Претпоставувам дека тоа му доаѓа нешто слично како желбата за секс. Зборувам за секс со жена, бидејќи немам многу искуство за желба за секс со мажи, па во присуство на поискусни лица во тој поглед, ќе се држам до тоа што го знам.

Секогаш можам да застанам пред огледало и сам да се прашам “крв?” и да си одговорам “лимфа”, но тоа не е тоа.

Можам секогаш да дојдам до таа фаза на очај кога можам да отидам до она гратчето… па добро, нема да го напишам како се вика, јавна тајна е, сите го знаат ама демек не треба да се знае. Ама сигурно го знаете и вие, тоа местото каде што живеат вампирите. Во последниве години, секс-туризмот таму доживеа бум. Се организираат тури од по еден автобус полн жени, одат и си завршуваат работа и ги враќаат следиот ден. И жените задоволни, и туристичките агенции полни со пари, и градот со полн буџет за споменици, и вампирите сити (бидејќи никој нема да примети ако исчезне по една жена на неколку тури).

Секако, има и други начини на кои други луѓе може да профитираат од овој феномен. На пример, кога ние невампирите сме очајни за секс, секогаш можеме да отидеме таму, да се скриеме во некое темно ќоше од некое кафуле и да собереме некоја туристка која е доволно алкохолизирана за да може со разумна веројатност да претпоставиме дека се до следното утро нема да примети дека всушност и не светкаме.

Па токму во таков некој момент на очај ќе се облечам највампирски што можам, ќе отидам таму, ќе седнам на шанкот и ќе чекам да дојде следниот автобус. Во меѓувреме, ќе дојде шанкерот да ми ја прими нарачката: “Крв?”

(Not) A Vampire

18
фев

Зошто авторите на Lost владеат

Знам дека го имаме Лостован за вакви работи, но тој се фокусира на други аспекти, па морав јас да го дадам своето мислење што го стекнав со последнава сезона, и тоа не баш за самата серија туку за нејзините автори.

Пред да почнам морам да нагласам дека може да се вртка по некое спојлерче наоколу за тие што ја гледаат серијата а не се стигнати до шеста сезона. Не дека имам намера да исппојлирам нешто, ама немам намера ни да се цензурирам.

Значи, продуцентите на Lost пред неколку години направија нешто што мислам дека беше до тогаш нечуено за екстремно успешна американска серија: направија договор со телевизијата што ги емитува да завршат после пет сезони. Ова беше дел од нивниот онгоуинг обид да докажат дека од самиот почеток знаат што сакаат да расакажат, дека имаат смислено некаква целина и дека не измислуваат се по пат. Е сега, ако внимававте, горе спомнав шеста сезона. Тоа не беше ради некакво пишманење, туку поради тоа што решија да ги расцепкаат последните две стандард американски ТВ сезони на три пократки со цел да ги елиминираат средсезонските паузи, нешто што ради штрајкови и сл. тетребштини не им успеа ама баш ич.

Почнувајќи со шестава сезона, убеден сум дека кога би ги следел продуцентите после некое интервју до нивното работно место, би влегол во запуштена темна просторија обрасната со најразлични тропски растенија каде што вработените висат по лустери, си ги удираат главите од ѕид и/или држат знаци на кои е предвиден крајот на светот. Со други зборови, го добив впечатокот дека скроз се мрднале и веќе немаат поима што прават. Треба да ја привршуваат серијата, а они воведуваат нови елементи.

Како и да е, интересниот момент што ме замисли беше едно интервју меѓу сезоните со еден од продуцентите во кое тој фино поштено си кажува како они немаат апсолутно никаква намера било кога да објаснат што е работата со островот, бидејќи тоа според него би било забегување во, како што тој го нарече, “midichlorian territory”. Midichlorian territory е термин што доаѓа од втората трилогија на Star Wars, и значи објаснување на некој фантастичен елемент без да има некаква причина за тоа, до толку што тоа ќе наштети на сфаќањето на тој елемент.

Така, го слушам јас типов, и си викам, овој или се заебава, или е глуп. Ние од почеток ја гледаме тоа серијата само за да дознаеме што е финтата со островот! Дали навистина е убеден дека ние сме толку опседнати со ликовите во серијата што веќе не не интересира митологијата? Толку ли е во заблуда?

Сепак, по кратко размислување, се си доби смисла. Работата е што форматот на Lost како (научно-)фантастична серија е магнет за гиковите како мене. Но, од друга страна, форматот на Lost како драма со љубовни дванаестоаголници е магнет за очајни домаќинки. Статистички гледано, тоа би му дошло вака некако:

Lost fans by demographicLost fans by loudness

Така, и покрај тоа што ние, гиковите, сме три пати погласни од остатокот од публиката, не сме воопшто толку важни. И додека ние се надеваме дека некој ќе ни даде некаков хинт за островот, побројниот дел од публиката не го интересираат такви работи: тие само сакаат да дознаат дали Кејт на крај ќе заврши со Џек или со Соер. И затоа, тие ќе добијат паралелен универзум, за Кејт да заврши и со двајцата и никој да не се лути. Освен гиковите.

13
фев

Чуден психолошки феномен

Можно е да се претварам во еден од оние несоничари што не можат да спијат ради кошмари. Знаете, еден од оние клише луѓе со несоница како во филмовите, наместо еден од оние крајно ос’м луѓе со несоница што не можат да спијат ради неразјаснети причини, па сите мислат дека ги заебаваат бидејќи не знаат да кажат зошто не можат да спијат.

Ноут дека тука побарав слика од Adrian Paul во The Owl за да ја илустрирам мојата поента и можеби да ставам некој шеговит цекаемовиден коментар на неа. Не најдов, но остана прашањето: колку сум лејм што го памтам тој филм?

Во основа, изгледа како неспиење ради кошмари да е за лузери. Како човек, имаш капацитет да се соочиш со кошмарот и да го претвориш во нешто подобро. Но, ако причината за кошмарот е покомплицирана за средување, тогаш си имаш проблем. A ако за проблемот си свесен и без да има кошмари, тогаш кошмарите ама баш ич не ти помагаат. Но, во секој случај, те тераат уште еднаш да размислиш, и можат да те доведат до екстремно бескорисни размислувања, во кои спаѓа и ова кое што сакам да го изнесам во овој пост.

Да, добро разбравте, овој пост нема врска со несоница (освен што го пишувам во 4 сабајле). До овој ред само пробував да се извадам зошто си го губам времето мислејќи вакви работи.

Имено, забележав дека секогаш човекот кој што сакам да бидам е полош од човекот кој што сум. Тука муабетов се разгранува на два дела:

  1. Ова само кај мене е или и кај другите?
  2. Да, знам што се прашувате: зошто некој толку крајно ос’м колку мене би настојувал да биде некој друг? Има разно-разни причини. Кога си млад, исто си и глуп, не си задоволен со тоа што го имаш. После кога ќе бидеш стар, може да се случи да сакаш да постигнеш некоја цел што едноставно не можеш да ја постигнеш, па мора некој друг да ја постигне. А кој друг ако не ти?

Како и да е, забележав и една друга работа: дека се помалку сакам да бидам човекот кој што сакам да бидам, а ако се земе во предвид што се напишав до сега, тоа знае да делува збунувачки. Ајде да поедноставиме за да видиме зошто всушност ништо не е едноставно во ваквата ситуација.

Да кажеме дека јас сум Трале, но сакам да бидам Петко. Според гореизнесеното, тоа значи дека Трале е подобар од Петко. Ова се сосема чиста ситуација. Но, што се случува ако почнам се повеќе да не сакам да бидам Петко, да не ми одговара баш да си останам Трале, а и потајно, со одредена доза резерва, да размислувам да станам Светлан?

Еден логичен излез од ова е дека Трале станал полош, можеби полош и од Петко, но подобар од Светлан.

Јас, искрено, не знам што му фали на Светлан. Но, колку луѓе што се викаат Светлан може да ми наброите?

P.S. Не се важи ако барате Светлан на Гуг’л и ми одговорите со пола Бугарија во коментар.

10
фев

Bassdome 2

Правев муабет со сестра ми околу мојата идеја за басистички научнофантастичен филм, и ми текна идеалното продолжение. Сега, јасно ми е дека не е воопшто кул веднаш после пишување на пост да го напишеш и продолжението на постот, и дека треба да има неколку постови измеѓу, со цел редовните читатели и уште поредовните читателки да се почувствуваат наградено кога ќе се сетат на пост од пред месец дена, но Розов зајак е исклучиво некул појава. И плус, ќе го заборавам постов за месец дена.

Значи, продолжението е засновано на сосема друг басистички концепт и не мора да има некоја цврста врска со ликовите од претходниот филм. Тука се открива дека басистите се всушност вонземјани кои сакаат да го освојат светот. Додека концептот на претходниот филм беше слајтли забеган (иако басистите би рекле дека освен регистрацијата и куполите, остатокот е прилично точен приказ на басистичкиот живот… хмм… се прашувам колку филмски критичари се басисти…), овој е прилично реален. На прв поглед, сигурно мислите дека ми паднале праговите, но размислете малку. Басистите дошле на планетава пред икс години, прилично биолошки слични и компатибилни со луѓето, со таа разлика што имаат басисит во крвта.

Сега, морам да спомнам дека е крајно чудно што има само басисти но не и басистки. Но може така се распоредени работите на нивната планета, може мажите да се воениот дел од расата, а жените да ја контролираат економијата или така нешто. Можеби басистките реагираат позитивно на басисит, па кога ќе видат небасист реагираат на него исто како тукашните жени што реагираат на басисти. А можеби и реагираат исто како и небасистките, што би објаснило зошто ги испратиле сите мажи да освојуваат друга планета.

Како и да е, басистите наскоро ја сфаќаат предноста што ја имаат на биолошко ниво, и почнуваат да манипулираат со општеството со цел да ја зголемат неговата опседнатост со секс. На почетокот ова оди поприлично бавно, но како што се зголемува опседнатоста, станува се полесно и полесно, бидејќи басистите немаат секс, а во општество опседнато со секс тоа делува како недостаток, а недостатоците прават луѓето да те потценуваат, а што повеќе те потценуваат толку помалку те натценуваат… не. Кај бев? А, да. Што повеќе те потценуваат толку е полесно да манипулираш неприметно. А басистите можат да манипулираат неприметно додека небасистите не станат толку зафатени со секс што басистите ќе останат единствените луѓе на планетава што можат да завршат нешто.

Секако, за да се задржи атмосферата од претходниот филм, главните ликови во овој филм ќе бидат небасистите. Може тоа да биде одредена група младичи која сфаќа што всушност се случува и пола филм пробува да ги убеди светските власти. Нормално, кога ќе успеат да ги убедат никој нема да знае што ќе прави, а кога ќе се соберат податоците од целиот свет ќе испадне дека ситуацијата е многу полоша отколку што се мислело.

Додека владите кризираат, нашите главни ликови смислуваат план како да ја задржиме планетата. Затворени во лабораторија, низ монтажа бараат нешто што би можело да ги поништи ефектите од басиситот. Одеднаш, на еден од нив му текнува: тоа што го бараат (обично) го нема во лабораторија. Возбудено им го кажува планот на другите, кои се согласуваат дека треба веднаш да се свика состанок на светските водачи. Очајни, светските водачи се согласуваат да ги ислушаат младичите, кои им препорачуваат на басистите да им испратат еден куп жени да имаат секс со нив. Така ќе ја изгубат предноста, а, ако се развие и долгогодишна стратегија може да дојде и до контранапад и ова да прерасне во метод да се контролираат басистите.

Жените викаат да не се заебаваме и едноставно да ја разнесеме планетава со нуклеарки.

02
фев

Bassdome

Така џаболебарејќи како по обичај и игнорирајќи покани на Фејсбук, налетав на мошне необичната страница на Партијата на басисти на Република Македонија. Бидејќи имам видено група и страница за сешто, ова и не ми падна нешто толку чудно, се додека не отидов таму и не видов дека во групата има еден куп жени.

Како што знаеме од порано, ова е необично бидејќи жените не сакаат басисти. Секако, бидејќи за се во светов освен за постапките на сестра ми има некакво логично објаснување, тргнав да го побарам споменатото. Помислив да не случајно е оној Фејсбук момент на луѓе што прифаќаат било каква покана за било што па и овие така на рандом го кликнале копчето за станување обожавател. Помислив дека можеби сестра ми ги натерала да го направат тоа. Но, веднаш потоа ми текна вистинската причина.

Имено, и покрај моето интензивно истражување во темата на гитаристи и басисти, јас сум сепак старомоден дечко кога доаѓа до тие работи и не сум проверил дали жените знаат и преку Интернет да познаат дали одреден човек е басист. Претпоставувам дека не е толку лесно, барем не од првиот впечаток. А ако се групирани на едно место, тогаш само ќе можат да ги побараат таму. Со издавање на членски книшки уште повеќе би се олеснила работата.

Ова ме доведува до идеја за научно фантастичен филм. Добро, да бидам искрен, мене се ме доведува до идеја за научно фантастичен филм. Како и да е, идејата е дека во иднината, сите басисти ќе бидат законски обврзани да се регистрираат и да живеат во посебна купола каде што нема да се мешаат со остатокот од населението. Зошто баш во купола, прашувате? Бидејќи секогаш е кул да има купола во дистопичен научно фантастичен филм, а и зборот е малку смешничок.

Соу, басистите ќе живеат во куполата, повеќе со цел да се знае кои се отколку да бидат изолирани. Куполата редовно ќе ја посетуваат луѓе на кои им фали басист за во бенд. Ви текнува кога доаѓате во Охрид летно време и одма ви се ставаат луѓе што ви нудат сместување? Епа така нешто е ова, секогаш кога некој ќе дојде од надвор, возилото му го заобиколуваат десетина басисти со листови кој каков стил свири. Секако, знаеме дека не сите басисти свират, така што ќе се формираат и други дејности специфични за местото. На пример, ќе има басистичка ескорт служба, наменета за небасисти со проблеми со самодовербата. Небасистите ќе можат да му платат на одреден басист да ги дружи кога ќе излезат. Покрај басистот, другиов ќе се чувствува многу попривлечно за жените. Секако, ако испадне дека жените повеќе прават муабет со басистов него со другиов, законот наложува и двајцата да одат на тестирање.

Тестирањето не би се објаснило експлицитно во самиот филм, од причини кои подоцна ќе ви станат јасни, но за сега може јас да ви го објаснам. Се работи за обично тестирање на крвта за присуство на басисит. Басиситот е тоа што ги прави басистите непривлечни за жените. Тие што имаат многу басисит во крвта (или малку крв во басиситот) се басисти.

Да се вратиме на главната тема. На небасистите не би им се дозволило да живеат во куполата, бидејќи тоа би ја срушило целата поента на нејзиното постоење. За жени па да не зборувам. Никој не би бил толку суров да стави жени да живеат на такво место. Додуша, имав слајт недоумици околу семејствата. Што се случува ако басист случајно се ожени? Дали ќе оди да живее надвор од куполата или жената би дошла да живее внатре? Првото не ми изгледа многу веројатно – таквиот закон би бил полн со дупки и договорени бракови за луѓе што сакаат да излезат. Второто ми има многу повеќе смисла: ако жената не може да издржи да оди да живее со него таму, тогаш и онака не е бракот ништо посебно. Ако реши да остане, тогаш останатите басисти постојано ќе им се собираат на прозор за да ја гледаат жената, но на семејството нема да му биде страв дека ќе и направат нешто бидејќи се, нели, басисти. Компликацијата доаѓа ако имаат женско дете. Е, тоа не знам како би се решило, а може и да има простор за некој друг филм кој се бави баш со ова прашање.

И покрај тоа што на жените, со исклучок на условите опишани погоре, нема да им биде дозволено да живеат во куполата, сепак често ќе има жени на самиот периметар, од типот на очајни и/или одмазднички настроени према бившиот (а и екстремно пијани влегува во комбинација со овие две). Постарите и поискусни басисти (оние што се снаоѓале од пред тестирањата, регистрациите и релокациите) ќе знаат како да ги искористат овие појави.

Откако ја објаснив позадината на филмот, треба да објаснам нешто и околу неговата содржина. Како што е ред со ваквите филмови, главниот лик е релативно млад и бунтовнички настроен (ОК, ајл сеј ит: млад бунтовник) и не може едноставно да го прифати фактот дека тој, како басист, мора да го помине остатокот од животот одвоен од остатокот од општеството. И покрај предупредувањата на стариот и мудар зен-басист (лик каков што, морам да признаам, обично не е присутен во овој специфичен поджанр на научната фантастика) кој научил да живее добар басистички живот, нашиот главен лик тргнува во поход да ги прелаже властите и да покаже дека не треба да се дискриминираат басистите.

Откако ќе ја открие работата со басиситот во крвта, тој ќе најде парализиран гитарист кој ќе се согласи на трансфузија на крвта со младиот басист, теоријата биинг дека ако има небасистичка крв ќе помине како небасист. Добро, ова е приказната од Гатака, ама тоа беше добар филм. Секако, наместо на крај да [спојлери] но сепак да [спојлери], нашиот главен лик ќе открие дека не е се во крвта – басистичките жлезди лачат басисит во крвта, па не може со една обична трансфузија да се стане небасист. Како награда за ова откритие, тој ќе добие бесплатна вечера во форма на полициски пендреци.

Мислам дека Холивуд нема да ја прифати нешто многу мојава идеја за филм. Они сакаат хепиендови, што во случајов е малку контрадикторно, бидејќи не гледам како може да не е хепиенд за Холивуд ако басистот го пие на крај. Но од друга страна, тие секогаш настојуваат да ги наполнат басистичките глави со оние срања за внатрешна убавина и еднаквост што некако би било контрапродуктивно сега да издадат ваков филм.

Среќа што навистина постојат басисти, па нема да требаат многу пари за специјални ефекти.

15
јан

Неможност за линкање до одредени постови

Вчера ми беше посочено дека линковите од последниот пост не ми работат. Кога дојдов тука видов дека барем, ако ништо друго, постот постои, но не работат линковите до него и до уште неколку постови. Бидејќи сега очигледно (а и увослушно, ако чуете од некој друг) работат, тоа значи дека или некој од blog.mk седнал и го поправил багот, или јас сум открил како се поправа работата. Погодете кое од овие испадна.

Како и да е, ако и на вас не ви работат линковите, еве како се поправа тоа:

  1. Ќе го едитнете постот во прашање. Би требало да имате линк за едитирање ако сте логирани, ако не, одите во Dashboard (контроли), Posts (записи) од менито на лево  и бирате Edit (уреди) за постот чиј линк не работи. Линковите за едитирање, фала му на спенкингот, сеуште работат.
  2. Треба да ја смените адресата на пермалинкот така што нема да содржи кирилични букви. Линкот се наоѓа под насловот, а може да го смените со тоа што ќе кликнете на жолтиот дел, или, ако не се чувствувате доволно фенси, на копчето до него, т.е. Edit (уреди).
    Permalink
  3. Никогаш не сум можел да следам списоци со повеќе од две точки, но издржете уште малку, при крај сме.  Се што треба да направите откако ќе го промените линкот и ќе кликнете на Save (зачувај) копчето до него е да погледнете во кутијата од десната страна (Publish (објави)) и да кликнете Update Post (зачувај).

Тоа е тоа. Може и багот да е поправен до сега (јас вчера ги менував линковите), но во случај да не ви работат пермалинковите, ете што треба да направите.

Инаку, бидејќи веќе ве испараноизирав за кириличните линкови, можеби ќе приметите додека нов пост со наслов на кирилица, линкот е напишан на кирилица. Нема потреба рачно да го менувате, бидејќи во моментот кога ќе постирате линкот автоматски се конвертира во кирилица. Гледате колку напреднала технологијата?

АПДЕЈТ: Ми изгледа дека багот е веќе поправен и сега и старите кирилични линкови се ОК. Што се однесува до мене, јас сум само среќен што добив повод повторно да го употребам изразот “не биди Сине”.

09
јан

Може да содржи спенкинг

Вчера вечер ми снема млеко, што беше иронично, со оглед на тоа дека бев во продавница по леб претходно. Бидејќи моите млекопијачки желби сеуште не беа задоволени, решив да утепам две муви со еден апарат за тепање муви и да го пробам конечно чоколадното млеко што ми стои во фрижидер веќе неколку дена. Пред да го отворам, ја разгледав опаковката барајќи хинтови дали треба да го тресам картонот како да сум добил напад, и налетав на една интересна работа:

Може да содржи нешто таму

Ќе ми објасни некој што значи “може да содржи”? Као, знаеш, вчера си игравме со јајца и ни падна едно во чоколадото, па ако на тебе ти се паднало тоа млеко, да не се чудиш зошто ти е јајцесто. Или, вчера јадевме житарици па Перо, кретенот, ја бутна кутијата и ни се истурија во чоколадото. Или, не нападна џиновско чудовиште од соја, не гаѓаше со јајца. Или, ловевме едно јајце вчера, па видовме дека оставило траги.

Инаку, горниот дел од налепницата го оставив бидејќи првичната намена ми беше да ја скенирам само налепницата, но кога пробав да ја одлепам, буквите почнаа да паѓаат во онакви мали црни парчиња, како на филм. Не знам зошто, ама секогаш кога си го замислувам тој филм, во него глуми Брендан Фрејзер.




Известување

Вале е стара.

Зајакот вели

  1. Ако не ви одговорам на коментарот/пораката, тоа е само 20% пошто сум некултурно говедо. Останатите 80% се должат на безвременица. Општиот одговор во овие случаи е: "Фала на добриот коментар :)".
  2. Не знаете кој е Џон Стоктон?
  3. Ридизајнот е секогаш во тек, но вашите пораки и коментари ќе ми помогнат да го сменам (или нагласам уште повеќе) тоа што ви пречи.
  4. Spanking for all!
The Rabbit knows!

The Evil Grouse

  • Се викаше Синтија: Викаат дека првиот пат не се заборава. Па така и јас нема да го заборавам првиот пат кога добив... пред 4 часа 12/03/2010
  • Готово, веќе добив желба да одам таму пред 12 часа 12/03/2010
  • Отсекогаш ме интересирало дали Боними е множина од Бонима, и ако да, што по ѓаволите е Бонима? (освен, очигледно, жена на Боним) пред 23 часа 12/03/2010
  • Ова ќе биде повеќедневна главоболка, осеќам пред 2 дена 10/03/2010
  • Отклучени старите блогови: За тие старци како мене што ги почнаа овие блогови на страниците на blog.com.mk: вашите... пред 3 дена 09/03/2010
  • We're all going to die! пред 4 дена 08/03/2010
  • Би анојинг (партнерз ин крајм едиш’н): Мали сте, не памтите, ама еднаш одамна решив да ја споделам својата мудрост... пред 5 дена 07/03/2010
  • Фанатично отсекување would be a good name for a band пред 7 дена 05/03/2010
  • I make little girls cry. Just by showing my face. пред 7 дена 05/03/2010
  • Wiktionary defines "stingy" as "extremely close and covetous; meanly avaricious; niggardly; miserly; penurious; as, a stingy churl" пред 8 дена 04/03/2010
SportyPal